Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Проектот за гасен интерконектор со Грција е резултат на стратешка работа на владите на СДСМ

Iam01875.jpg

Соопштение на СДСМ:

СДСМ ја поздравува секоја политика и мерка што оди во насока на унапредување на енергетската стабилност на државата, како и интеграција со европската енергетска мрежа – како што е гасниот интерконектор со Грција.


Гасниот интерконектор со Грција е дел од енергетската стратегија што ја постави Владата предводена од СДСМ. Јавноста треба да знае дека почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција во близина на Неготино не е резултат на работата на Мицкоски, туку на стратешка работа, подготовки  и визија на владите предводени од СДСМ.

Овој проект е подготвен и обезбеден од владите на СДСМ – со поддршка од ЕУ, ЕБОР и конкретни чекори на терен.

Во периодот на Владата на СДСМ се завршија сите потребни проекти, се доби одобрување за градба и се заврши над 90% од експропријацијата, со што се создадоа услови за да може денес реално да започне изградбата. Тоа се конкретни чекори и резултати, а не само декларативни изјави и китење со туѓи перја – како што знае Мицкоски.

Само за потсетување, токму Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која сега се фали со гасификацијата, остави 0% експропријација за клучните делници од Скопје до Тетово и од Штип до Неготино и Битола. СДСМ кога дојде на власт во 2017 година, затекна нефункционални проекти и мораше од почеток да воспостави ред и реално да ги движи работите за клучните проекти напред. Дополнително, Владата на СДСМ ја формираше фирмата НОМАГАС, 100% државна како носител на проектот за гасниот интерконектор со Грција. За разлика од тоа, ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ја кочеше гасификацијата, дозволувајќи да постои нерешен судски спор со Макпетрол, со што државата беше заложник на политичка нефункционалност и економска неодговорност.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ цела една година нема ниту еден свој проект – промовира само проекти на СДСМ, сечат ленти за проекти што не ги ни започнале.

Што ли ќе прават кога ќе ги испромовираат сите проекти на СДСМ? Дополнително прашуваме: Кога планира Владата на ВМРО-ДПМНЕ да почне да ги реализира и промовира своите 1.198 проекти од програмата, кои не се ниту започнати?

Можете да прочитате

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика

Армијата активно е вклучена во гаснењето на пожарите на територијата на државата

Херојот на Скопје: Пожарникарот Тони Пигуловиќ 48 часа во борба со пламените јазици