Утрински Весник
Економија

СДСМ: Пристигна поддршката од ЕУ вредна 80 милиони евра, европскиот пат носи придобивки

Анкета: Расте скептизимот за Европската Унија, како најголема закана граѓаните ја гледаат Бугарија

Напредокот во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ носат придобивки за граѓаните, државата и економијата. Пристигна грантот од 80 милиони евра од ЕУ, како буџетска поддршка за ублажување на кризата. Грантот од 80 милиони евра од ЕУ е поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека станува збор за средства кои се веќе достапни и се дел од пакетот антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра што Владата предводена од СДСМ ги донесе. Сето ова е сериозна поддршка на дело за нашата држава од страна на Европската Унија.

ЕУ не ги заборави македонските граѓани и повторно е со нас во време на светска криза, докажувајќи дека е многу повеќе од финансиска поддршка со која ни помага во забрзување на трансформацијата на општеството и подготвувањето на Северна Македонија за полноправно членство во европското семејство.

Владата, парламентарното мнозинство и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со реализација на реформите кои ја забрзуваат европската интеграција и носат придобивки за граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот