Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Претседател на државата треба да се бира на избори од сите граѓани

1708269119 d181d0b4d181d0bc d0bfd0bed187d0b8d182 d0b7d0b0 d0bbd0b8d0bad0bed182 d0b8 d0b4d0b5d0bbd0bed182d0be d0bdd0b0 d0b4d0b5d0bbd187d0b5d0b2 63dec8d02a5a9.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Одговор на новинарско прашање: СДСМ јасно го кажа во многу наврати нашиот став дека кандидатот за претседател треба да се бира на непосредни избори и ова барање не е ништо ново, се слушаше и во изборите во 2019 и 2020 година, сметаме дека нема потреба да се назадуваме во демократијата. Важно е дека кандидатот на СДСМ ќе биде поддржан од сите етнички заедници и ќе биде поддржан од најголемиот дел на нашите граѓани и ќе биде победник на претседателските избори. Оттука не очекуваме дека ќе бидат бојкотирани претседателските избори од било која политичка партија и очекувам голема поддршка за канидатот на СДСМ.

Можете да прочитате

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини

Медитерански циклон ни носи многу дожд и локално невреме!