Утрински Весник
Македонија

СДСМ: „Пониква” не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

Pres image 2025 06 14.jpeg

Најавата дека Владата планира да го отстапи одморалиштето „Пониква” како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во трагичниот пожар во Кочани отвора сериозни прашања околу професионалноста, одговорноста и капацитетите на институциите.

Наместо да биде акт на грижа, оваа одлука изгледа како импровизација на сметка на здравјето на веќе трауматизирани и повредени граѓани.


Дали „Пониква” е навистина погодна за медицинска нега?

Одморалиштето „Пониква” е објект стар повеќе децении, наменет за одмор и рекреација, а не за медицински третман. Дали воопшто е проценето дали објектот ги исполнува техничко-технолошките стандарди, хигиенските и стерилни услови кои се минимално потребни за лекување на лица со изгореници и психо-физички трауми?

Зошто се игнорираат постојните специјализирани капацитети?

Македонија располага со повеќе објекти наменети за долготрајна нега и рехабилитација: Јасеново, Отешево, Лешок, па дури и делови од постојните клиники и болници кои можеа да бидат пренаменети и опремени. Зошто ниту еден од овие капацитети не беше земен предвид? Зарем здравствениот систем не знае со што располага?

Дали е ова одговорно институционално решение или само евтин пи-ар?

Наместо власта да се фали со нешто што не е за фалање треба да објави:
• Дали објектот е прегледан и одобрен од Државниот здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и стручен медицински тим?
• Кој ќе гарантира дека условите во „Пониква” не се опасни по здравјето на пациентите?
• Каков персонал ќе работи таму? Има ли стручни медицински лица, Доктори, физиотерапевти, психолози кој би се нафатиле да работат во субстандардни услови?

Човечкото достоинство и грижата за повредените не е и не смее да биде компромисна категорија.

Повредените во пожарот во Кочани не се бројки во извештаи, туку луѓе на кои им е потребна вистинска, стручно водена и квалитетна медицинска грижа. Затоа, заслужуваат рехабилитација во современи, професионални и безбедни услови – а не сместување во објект чија намена, состојба и безбедносни стандарди се сомнителни.

Ако државата навистина сака да покаже грижа, нека го стори тоа со дела, не со маркетинг. Во спротивно, оваа мерка ќе остане уште еден доказ за импровизираното менаџирање на кризи и за политичко прикривање на институционалната неподготвеност.

Можете да прочитате

МВР и Црвен крст со совет: Високите температури се ризик, возете одморени

Родители и блиски на жртвите во Кочани бараат Обвинителството да објасни кој е обвинет, а кој ослободен

Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале