Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ може секој ден да го пушта редовниот лажго, Бране Петрушевски, може да штанца соопштенија со лажни обвинувања за СДСМ ама не може да побегне од вистината: половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши а тој и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси.


Тие водат фирми во Бугарија, прават зделки за лична корист и додека се богатат, граѓаните ги оставаат во сиромаштија.

Да потсетиме, фотографии од ручеци и средби со бугарскиот олигарх Волканов има Христијан Мицкоски, нема Венко Филипче. Токму Волканов, кој ја загадува Крива Река е пријател на Мицкоски, не на СДСМ. Токму во неговите фирми директори се функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се нивните вистински интереси, тоа се нивните вистински бизнис зделки.

СДСМ се бори за државата а ВМРО-ДПМНЕ за своите бизни интереси, тоа е голема разлика.

СДСМ останува посветена на иднината на нашиот дом – Македонија!

Можете да прочитате

Упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

Во двата скопски затвори фатени осуденици како се дрогираат – Полицијата утврдува како дрогата стигнала таму

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани