Утрински Весник
Економија

СДСМ: Политиките со „кошнички” се покажаа како целосно промашени 

Bogdanka Kuzeska Sdsm.jpeg

Прес конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,


Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден како последица од погрешните економски политики на власта предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Таканаречените „кошнички” се покажаа како целосно промашување. Наместо да го олеснат животот на граѓаните, тие предизвикаа уште поголема скапотија и го срушија стандардот на граѓаните.

Наместо да се намалт цените на основните производи се зголемија. Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено.

Оваа сурова реалност граѓаните ја гледаат во маркетите и продавниците и ја живеат секој ден борејќи се со обезбедување на основните потреби за своите семејствата.

Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%.

Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока.

Овие податоци јасно укажуваат дека политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и погрешни.

СДСМ како одговорна партија предложи конкретни мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните: зголемување на минималната плата, укинување на ДДВ за основните производи за реално намалување на цените и покачување на платите во повеќе сектори.

Сите овие предлози беа одбиени од страна на ВМРО-ДПМНЕ со невидена тврдоглавост и арогантност.

Политиките на Мицкоски се насочени кон заштита на интересите на големите трговци и бизнис-елитата, додека обичните граѓани плаќаат висока цена. Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада.

Оваа политика ја потврдува неговата поданичка позиција кон бизнис интересите и ја зголемува економската несигурност на семејствата.

На прашањето дали се работи за неспособност или за отплаќање на долгови кон бизнисот, граѓаните веќе го знаат одговорот.

Едно е сигурно – ваквата политика мора да престане за да се врати економскиот баланс и да се спаси стандардот на граѓаните кој се намалува од ден на ден со оваа влада.

Можете да прочитате

Владата смета дека протестите на УОПЗ се малициозни и политички мотивирани

Министерство за економија смета дека Новогодишната кошничка била успешна

ВМРО-ДПМНЕ: Болката на СДС не е грижа за граѓаните, туку грижа што не можат веќе, како до сега, да крадат