Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Поголемо парламентарно мнозинство за структурни реформи, економски политки и забрзана интеграција во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во СДС бара избори, Ковачевски и Зечевиќ знаат дека тоа би било крај на нивните криминални кариери затоа се против

Денеска можеме да објавиме дека се прави добар исчекор: имаме поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ. Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го овласти претседателот на партијата, Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата. Направен е добар исчекор, се обезбедува поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека преку принципите на платформата за соработка со Алијанса на Албанците, одобрени и од ЦО на СДСМ, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите. Тоа ќе придонесе забрзано да продолжиме со реализација на реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.

Од СДСМ велат дека се создаваат услови за унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, а зголемена поддршка добива и планот за стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи.

Преку проширување на парламентарното мнозиство, следува кадровско освежување кое ќе внесе нова енергија во реализација на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, а истовремено се отвора можност за соработка на локално ниво во општините и советите со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Со ова се затвора прашањето за предвремени избори, изборите ќе се одржат според планираното во 2024 година, што е добро за стабилноста, за инвеститорите и за економијата, се вели во соопштението.

Работите се јасни. СДСМ го задржува бројот на министри како и досега, имаме зголемено мнозинство во Собранието, поголема поддршка на реформскиот и на европскиот курс на земјата и политичка стабилност.

Од СДСМ додаваат дека пропаднаа сите најави на Христијан Мицкоски за ново парламентарно мнозинство, отстранета е опасноста земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица и нејзиниот заложник ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат да ја вратат државата во темните времиња на изолација и сиромаштија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт