Утрински Весник
Македонија

СДСМ: По скандалозната одлука за 27 април очигледно е дека заканите на Мицкоски кон судството даваат резултат

Sdsm 2.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

На 27 април 2017 година, македонската демократија беше нападната на најбрутален начин. Во денот кога требаше да се спроведе демократската волја на народот, Собранието беше претворено во бојно поле. Толпа од насилници, водени од јасна цел, изврши насилен упад, напаѓајќи ги пратениците и новинарите. Тоа не беше спонтан настан, туку организиран напад чија цел беше да се спречи демократската промена на власта.


Со одлуката на судот да ги амнестира обвинетите за организирање на ова насилство, правдата претрпува тежок удар, а македонското општество се соочува со опасен преседан.

Како е можно напад од вакви размери врз највисоката институција на државата да нема организатори? Зарем некој може да поверува дека толпа граѓани сама по себе, без координација и план, пробила полициски кордон и насилно го запрела демократскиот процес?

Одлуката испраќа опасна порака – дека насилството врз институциите и обидите за уривање на државноста може да поминат неказнето.

Ова не е само правен, туку и длабоко политички и историски преседан.

На 27 април животите на народните избраници тогаш беа директно загрозени. Пратеници беа брутално нападнати, новинари беа малтретирани, а целата земја беше сведок на насилство кое остави трајни трауми.

Ако денес организаторите останат неказнети, што ни гарантира дека ваков напад нема да се повтори утре?

Ако овој преседан се прифати, тогаш насилството станува новото средство за решавање на политички несогласувања, а тоа е пат кој води кон хаос и уништување.

Можете да прочитате

Терапија за пациентите на Онкологија до крајот на наредната недела, вети Таравари

Српскиот патријарх Порфириј во понеделник доаѓа во Скопје: Со г.г. Стефан ќе присуствува на Светосавската академија

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното