После низата судски предмети и скандали поврзани со Антонијо Милошоски треба да си даде оставка од пратеничката позиција затоа што не е достоен да ја извшува, велат во соопштение од СДСМ.
Антонијо Милошоски е осудено лице во Германија, близок соработник на Груевски, обвинет во случајот Моќник, главен предводник на политички мотивираната лустрација и докажан извор на лажни вести. Милошоски, човекот кој го нарекуваше Блаже Конески „џуџето од Небрегово“ кој нарачуваше лустрација на Славко Јаневски, нема образ да говори за македонските национални интереси, стои во соопштението.
Од СДСМ велат дека Милошоски е соработник на режимот во којшто бевме изолирана и заробена држава, без меѓународна поддршка, 11 години заглавени во неизвесност а македонската дипломатија системски уништена и целосно партизирана.
Денеска работите се променети, претседаваме со ОБСЕ, членка сме на НАТО и водиме преговори со ЕУ за полноправно членство како слободна и демократска држава а дипломатијата е професрионализирана и унапредена, додаваат од СДСМ.