Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Парламентарното мнозинство на СДСМ се зголемува, чекор напред за поддршка на членството во ЕУ

СДСМ: Парламентарното мнозинство на СДСМ се зголемува, чекор напред за поддршка на членството во ЕУ

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува, како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ. Извршниот одбор (ИО) на СДСМ едногласно одлучи да продолжат разговорите со Алијанса за Албанците за влез на оваа партија во владината коалиција, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата во реализацијата на европската агенда. Ова истовремено претставува јасна диференцијација од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ. На Мицкоски, повторно му се изјаловија плановите за парламентарно мнозинство, кое го најавуваше на почетокот на годинава.

Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, напротив парламентарното мнозинство на СДСМ расте. И пред една година Мицкоски велеше дека има ново парламентарно мнозинство и тогаш владиното, актуелното мнозинство се зголеми. Во период кога се најреални шансите за членство на државата во унијата до 2030-та година, сите политички партии имаат одговорност во градењето консензус за влез во ЕУ.

СДСМ, по 17 години од кандидатскиот статус, ги отвори преговорите во Европската Унија со целосно заштитен македонски идентитет и рамноправно признаен македонски јазик. Наша одговорност пред граѓаните е да ја обезбедуваме европската иднината на државата, економскиот стандард, за подобар живот за сегашните и идните генерации“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати