Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Оставка од Тошковски за потфрлањето со пожарите

448314775 789015946702594 802391780845283120 N 4.jpg

Катастрофата што се случува речиси цел месец со пожарите кои беснеат уништи 5% од вкупната територија на Македонија.

Штетата е огромна, опустошени се над 1.200 километри шума, горат и националните паркови.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потфрли во справувањето со пожарите и за тоа мора да има одговорност.

Тошкоски треба веднаш да си поднесе оставка.

СДСМ неколку пати апелираше дека Тошковски е неспособен да управува со Кризниот штаб и мора да биде сменет.

Лошата координација со воздухопловите и спорото делување на институциите, за што со денови предупредувавмем се покажува како најголемо потфрлање на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи со кој раководи Тошковски.

Тошковски потфрли целосно и во превенцијата како и во фаќање на оние кои намерно ги подметнуваат пожарите.

Освен одговорност од Тошковски Владата треба целиот начин на делување да го промени. Сите институции да се фокусираат на кризата со пожарите, да се обезбеди поголема ефикасност и делување на воздуоловите.

Одговорен премиер и одговорен министер, при ваква состојба секојдневно ќе бидат во кризниот штаб и ќе управуваат со институциите а не да ги гледаме како се занимаваат само со ПР и дневно политички промоции.

Во изминат период СДСМ конструктивно и одговорно се однесуваше, не сакаше да ја подгрева тензијата и да ја напаѓа Владата, оставајќи ги институциите да работат.

Но, состојбата со која се соочува земјата е пресериозна и во голема мера последица на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Владата.

Можете да прочитате

ФОТО: Велосипедист удрен од автомобил кај поликлиника „Пролет“

Измамен велешанец, дал 18 илјади за дрва не добил ништо

Изречени санции поради прекршени законски регулативи