Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

Sdsm.webp.webp
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Со големо чудење и разочараност СДСМ ја прими информацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се нуди како посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија. Додека тој од Охрид порачува едно, во реалноста прави сосем друго. Унгарскиот амбасадор во ЕУ гласал за раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ што е практично може да значи и крај за шансите на државата да продолжи кон унијата. 

Ако Орбан и Мицкоски се стратешки партнери а пријателството меѓу две земји е вистинско, тогаш требаше да го спречи раздвојувањето и да понуди решение. Унгарија требаше да го искористи својот авторитет како земја претседавач да најде решение наместо во рамки на нивното претседателство да се случи раздвојувањето. 

Мицкоски освен очигледен интерес околу кредитот од Унгарија и веројатно други бизнис интереси, не успеал од Орбан да обезбеди никаква поддршка за ништо друго во интерес на граѓаните и иднината на државата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС

Приведени Турци и Узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула