Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Одлуката на САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребен Законот за рестриктивни мерки

1708269119 D181d0b4d181d0bc D0bfd0bed187d0b8d182 D0b7d0b0 D0bbd0b8d0bad0bed182 D0b8 D0b4d0b5d0bbd0bed182d0be D0bdd0b0 D0b4d0b5d0bbd187d0b5d0b2 63dec8d02a5a9.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивните мерки во македонското Собрание.

Законот е доставен до Собранието од страна на Владата. СДСМ го повикува пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика веднаш да го стави на дневен ред, Мицкоски и  ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.

Треба веднаш да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.

Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.

Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем.

Можете да прочитате

Гаши: Ако Уставниот суд правилно чита, албанскиот јазик треба да се израмни со македонскиот

ЈО бара подготвителна постапка спрема дете за предизвикување пожар во Расадник

Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Микалис Рокас