Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Обвинителството е на потег за милионските злоупотреби во Еразмус+ кои водат до ВМРО-ДПМНЕ

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ, само никако да направи две работи:


1.Никако да ја разреши директорката на Националната агенција иако е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами.

2.Никако да побара процесирање на случајот од ОЈО по извештајот на ОЛАФ.

Има ли посилна потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е фатено живо во огромен скандал, со рацете во европските фондови? Нема.

Со очајни напади врз СДСМ власта нема да побегне од вистината.

Фактите се јасни:

-Извештајот на ОЛАФ, доставен до Јавното обвинителство, содржи основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, со повеќе од 50 физички и правни лица инволвирани во Македонија и уште пет земји-членки на ЕУ.

-Отворени се сомнежи за тоа како биле распределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година, токму кога Ана Михајлов и нејзината кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле евалуаторки во Агенцијата.

-Треба да се истражат наводите за улогата на првиот директор Бошко Нелкоски, ментор на новата в.д. директорка, како и поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес” и „Агронимија Органика”?

-И клучното: во чии џебови завршија милионите евра европски пари?

Јасно како ден е дека ВМРО-ДПМНЕ ги штити милионските криминални шеми во Еразмус+. Затоа Јавното обвинителство е на потег: да постапи веднаш и сите одговорни за овој скандал да понесат одговорност.

Можете да прочитате

До крајот на денот времето ќе биде облачно со локален пороен дожд и грмежи

Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“

4,8 тони кокаин пронајдени во водите на Мартиник – уапсени членови на Балканскиот картел, поврзани со убиството на Србин и Македонец во Боливија