Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Sdsm.jpeg

Интегрален текст од прес-конференција на Бојан Василевски од СДСМ

Почитувани,


Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја освои локалната власт. И По 4 години,  ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради  ниту една од ветените 4 нови градинки. Ови градинки  беа првиот од 7-те топ приоритети на Муцунски и Митески во програмата со кои ја освоија довербата на нашите сограѓани од Аеродром.

Митески и Муцунски ветија целосно нови градинки во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, но еве, четири години подоцна, ниту една од овие ветени градинки до денес не е ни започната со градба.

Околу 700 дечиња годишно се на листа за чекање за упис во градинка, заради недостатокот на места во градинките во Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром покажа целосна незаинтересираност за решавање на овој проблем.

Единствениот објект на градинка кој се гради во моментов во Стар Аеродром е со 70.000.000 денари, средства обезбедени од Владата на СДСМ во 2024 година.

Само за споредба, кога со Општина Аеродром управуваше СДСМ се изградија 2 нови градинки со вкупен капацитет од 400 деца. Целосно нов објект Црвенкапа во Стар Аеродром со капацитет од 200 деца и целосно нов објект Буба Мара во Ново Лисиче со капацитет од исто така 200 деца.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ за 4 години?

Точно НУЛА нови градинки во Аеродром! Цел мандат до преспаа!

Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:

Каде е ветената градинка во Острово во близина на ОУ „Браќа Миладиновци”?

Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески”?

Каде е ветената градинка на последна 17-ка во Тодор Чангов?

Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?

Полни усти со ветувања пред избори, НУЛА реализација на крајот на мандатот.

Вака ли ќе ги лажете граѓаните и годинава?

Не ли ви е барем малку срам повторно да барате доверба од граѓаните годинава?

Времето на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истекува. Граѓаните бараат промени.

За ваквата неспособност некој мора да понесе одговорност! Дејан Митески не заслужува повторно да биде градоначалник во Аеродром!  

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?