Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нови примери од анти ЕУ кампањата 

Sdsm.webp.webp

Владата на ВМРО намерно создава конфликти со соседите како Бугарија и Грција, за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите, со обвинувања дека ЕУ е виновна.

Кои се последните примери од оваа анти ЕУ кампања?

Владата на Мицкоски прво намерно создаде конфликт околу македонскиот јазикот, прашање што одамна е затворено.  Потоа ги демантираше и Министерството за надворешни работи на Бугарија. 

Но, повторно продолжија со прозивки, одбија да одат на средба, чекаат да видат кога повторно ќе ги поканат. Сега доаѓа нова критика од Бугарија за Македонија.

На кого сè уште не му е јасно што прават?

Ова се делови од анти-ЕУ кампањата на власта која има за цел да предизвика негативна реакција кај граѓаните кон ЕУ, да се претстави Унијата како виновник а не Владата на Мицкоски.

Тоа се политиките на намерна изолација на земјата. 

Затоа денес имаме проблеми со влезот за камионџиите и со транспортот. Цели 6 месеци владата имала време нешто да преземе и да го реши проблемот, знаеле а не го решавале проблемот. 

Водат анти ЕУ кампања.

Високи 71% од граѓаните даваат поддршката за членство во ЕУ, покажуваат последните истражувања на јавното мислење.

Ова покажува дека политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот, водејќи ја земјата кон економска и политичка маргинализација.

СДСМ, Центар за комуникации

Можете да прочитате

Пешевски: Секој ден ќе протестираме пред Владата додека минималната плата не стане 600 евра

Трендафилов: Mногу лесно се паѓа од удобната функционерска фотеља на тврдо работничко столче

Николоски на средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска