Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нов дефокус – Закон за пушење 

Sdsm 1.webp.webp

Секогаш кога ВМРО нема одговор за проблемите на граѓаните, за тешката економска состојба, за тендерите, оската со Орбан и Вучиќ, се пушта приказната во јавноста за деофкус. 

Последен пример: Законот за пушење.

Доволно е граѓаните да ги погледнат временските периоди на сите претходните најави и објави за овој закон, особено после важните објави на СДСМ, и сè е јасно.

Идејата на власта е сите граѓани да зборуваат за забраната за пушење, сопствениците на мали локали да се грижат за својот бизнис… а никој да не зборува за криминалот на власта, тендерите, мигрантите, бизнис интересите на Орбан со нов мобилен оператор.

Граѓаните треба да знаат дека ова служи само за дефокус.

Зошто? Поради тоа што ова е усогласување со прописите на ЕУ а како сите што знаат тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ги интересира Европа. Нив ги интересира изолацијата и тендерите.

Тука се и 4.000 сопственици на мал бизнис и голем број граѓани кои ВМРО не сака да ги налути.

Дали сега е јасно за што служи дефокусот и ваквите вести?

Со темите за дефокус како што е црната кампања против СДСМ, Харис Џиновиќ, Жан Митрев и слични измислици оди дефокус и со Законот за пушење.

СДСМ, Центар за комуникации

Можете да прочитате

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак кој се бори за живот

УХМР најавува обилни дождови и високи температури

Малите продажни објекти ќе бидат сериозно погодени од новиот закон за пушење