Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ноќни волци, периметар Сомалија – ВМРО дипломатија

Sdsm.webp.webp

Кога ВМРО нема одговор на прашањата што ги поставуваме, а кои ги интересираат граѓаните на Македонија, веднаш прибегнува кон лаги од својата кујна.

Сега го обвинуваат СДСМ за ширење паника. 

Еве прашања за ВМРО: 

Дали Америка ја ставила Македонија на листа со 75 земји меѓу кои е Сомалија?

Што правел првиот соработник на Мицковски, вицепремиерот, на прославата со Ноќните волци на Путин, професорот Хусон, неколкумина обвинети и осудени за корупција и криминал?

Она што е единствено сигурно е дека паниката е голема кај ВМРО. Наскоро започнува примената на Законот за Западен Балкан.

Исто така, нивната политика на приближување кон изолираниот Вучиќ и неговата авторитарна политика, која сакаат со „copy-paste” кампања целосно да ја пренесат во Македонија, славејќи со  Ноќните волци, ја туркаат Македонија во изолација од САД и ЕУ.

Македонија, со политиката на изолација што ја води ВМРО, заврши на листа со 75 земји, меѓу кои е и Сомалија.

Намерно предизвикуваат кавги со Грција и Бугарија, за да го запрат процесот на ЕУ интеграција.

Сè ова е дел од една голема кампања за изолација на Македонија, правење „црна точка” на Европа, за тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ да продолжи со пљачката на Македонија.

Дали недостасуваше една милијарда евра во декември?

Дали сега веќе недостасуваат 2 милијарди евра?

Што е со 161 тендер за една фирма, 51 тендер од општините, 9 милиони евра за двојца вработени, тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра, со тендерската мрежа на Доновски и неговата сопруга?

Што е со Алта банка?

Што е со мигрантите?

Дајте одговор на овие прашања на граѓаните на Македонија, наместо секојдневно да фабрикувате лажни вести и да ја дефокусирате јавноста од прашања кои се важни за иднината на Македонија.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

 Животната средина и бизнисот на една маса: Хоџа се сретна со делегација од СКСЗМ

Министерство за здравство иницира да се направи инспекција во болницата во Кавадарци по смртта на новороденчето

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави