Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Никој не се плаши од Тошковски, дури ниту криминалците по улиците

Sdsm Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Смешни се Тошковски и Мицкоски кои велат дека министерот бил напаѓан од СДСМ заради тоа што СДСМ се плаши од него.

Од Тошковски не само што не се плаши СДСМ, туку не се плашат ниту криминалците по улиците. Затоа имаме секојдневни грабежи и убиства кои Тошковски не може да ги расчисти. Затоа имаме граница со Косово која е Хотел Промаја за криминалци кои се бараат со меѓународна потерница и се шетаат преку неа со поддршка на кадри поставени од Тошковски.

Тошковски за шест месеци има 8 убиства и обиди за убиства од кои има разрешено само едно. За шест месеци Тошковски ја претвори државата во Див Запад, а граѓаните се плашат за својата безбедност.

Македонија немала полош мнистер за внатрешни работи а тоа го потврдуваат бројките и општата нарушена безбедносна состојба во државата. За прв пат од независноста, МВР и еден министер немаат никаква контрола над северната граница која е препуштена да ја управуваат и злоупотребуваат партиски кадри на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа СДСМ го обвинува Тошковски, затоа што тој и неговата неспособност се закана за безбедноста на државата. Да има малку доблест веднаш ќе си поднесе оставка.

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова