Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема учебници, бараме оставка од Јаневска!

Jovance sdsm 1.jpeg

Изјава за медиуми, Јованче Манасков од СДСМ:

Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици.


Ова е најдобар доказ за целосната неспособност на министерката Весна Јаневска.

Иако, самата Јаневска тврдеше дека на 1 септември ќе има учебници за сите ученици, дека нема да има парталави учебници, дека тие ќе бидат заменети со нови, реалноста денеска е поразителна, учебници нема, а тие што ги има се искинати и неупотребливи.

Со една работа се пофали Јаневска и излажа! Учебници нема!

Признанието на Јаневска дека учебници нема, но дека допрва ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно.

Па што му е работа на Министерството за образование и наука, да моли донации или навреме да обезбеди книги за децата?! 

За што е платена Весна Јаневска од граѓаните? За сликање или за обезбедување на основните услови за настава?

Не може учениците и родителите да бидат жртви за оваа неспособност. Поради неспособноста да обезбеди основни услови во образованието, бараме оставка од министерката Весна Јаневска.

Учениците, родителите и наставниците заслужуваат образовен систем кој функционира.

Доста беа изговори – време е за одговорност!

Можете да прочитате

На 22 септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери Пешевска

Левица: Институционален неуспех што убива, а можеше да се спречи – уште еден фемицид во Велес 

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче лажно зборува за единство, прави плакати испрскани со крв и сее зло и лаги за Кочани