Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема правда, власта ги заштити вистински виновници за Кочани!

Bkuzeska sdsm 1.jpeg

Односот на власта кон трагенцијата во Кочани ја покажува самиот премиер Мицкоски кој ги етикетира оние луѓе коишто бараат правда односно најблиските од семејствата на загинатите млади луѓе во дискотеката Пулс. Нема правда за Кочани, власта не е испорачува никаква правда туку заштита за своите. Тоа го видовме.

Дел од заштитените кои биле началници во исто време гледаме дека биле и дел од изборниот штаб на ВМОР-ДПМНЕ. Сите оние други коишто биле инволвирани се под заштита на Мицкоски. Тоа не е правда почитувани тоа е неправда. Селективни апсења и жртвени јагниња не се правда. Правда ќе има кога ќе има истраги и одговорности за оние кои денес се под закрила на премиерот а се друго сметаме дека е замајување на јавноста и сметаме дека е едноставно бегање од одговорноста којашто ја имаат директно функционери коишто се блиски до структурите на ВМРО-ДПМНЕ, односно се дел од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.


Можете да прочитате

ВЛЕН: Ја рушиме империјата на коцкањето што со години ја штитеше ДУИ

Топло е и сончево, но со попријатни температури на воздухот

Играта не е само детска забава – таа е клучна за учење, здравје и градење отпорност, УНИЦЕФ повикува на поголема вклученост на татковците