Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски и Јанев, актуелната власт е виновна за Кочани

Pres mende ilievski image 2025 06 15.jpeg

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски се обидуваа да прикажат дека нема одговорност кај актуелната власт, под силен притисок од СДСМ и јавноста, ОЈО ГОКК се одважи да покрене постапки против актуелните началници од МВР.


Намерата на ВМРО-ДПМНЕ беше јасна – да се амнестираат од одговорност сите, со цел таа да не стигне до директорот на БЈБ Александар Јанев и до Тошковски. 

Сега, откако е јасно дека директната одговорност е во МВР и кај актуелната власт, оставки и кривична одговорност за врвот на МВР мора да има.

Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја сноси целата политичка и морална одговорност и затоа треба да поднесе оставка. Двајцата мора итно да се повлечат, поради влијанието што го имаа врз истрагата досега и поради тоа што можат да влијаат врз процесот што следува.

Правда за родителите нема да има, сè додека нема целосна одговорност за сите инволвирани. 

СДСМ нема да престане да ја бара правдата до крај! 

Го повикуваме ОЈО ГОКК и ОЈО да не калкулираат со одговорноста на Јанев и Тошковски. Сега работата е чиста и јасна – итно мора да се покренат постапки против врвот во МВР.

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ