Утрински Весник
Македонија

СДСМ нема пратеници за уставни измени, нека стават на гласање и ќе се уверат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците

СДС нема пратеници за уставни измени, нека стават на гласање и ќе се уверат, единствено решение се избори, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Власта цела година манипулира со бројки, а реалноста е дека, ако имаа 80 пратеника одамна ќе ги спроведоа уставните измени. Реалноста е дека нема ниту 70 пратеника кои ќе гласаат уставни измени“, велат од партијата.

Како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш децидно денес, како и многу пати до сега ќе го повтори својот став, дека уставни измени под овие околности и бугарски диктат нема да прифати.

„СДС да не ги малтретира граѓаните и државата и уште денес по неуспехот со уставните измени да се распушти Парламентот и да одиме на избори“, завршуваат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Значително посвежо и нестабилно време, локално со пороен дожд, грмежи и ветер!

Пожарот меѓу Катланово и Петровец, делумно локализиран, нема закана за бензинската пумпа

Огромен пожар кај Катланово – 24info.mk