Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?

Img 7991.jpeg
Img 7972

Состојбата во македонското здравство е катастрофална. Неспопсбноста на власта создаде таков хаос да болниците остануваат без лекари а пациентите сами со својата мака.

Недостигот на специјалисти е огромен проблем кој се продлабочува.


Клиниката за Kардиохирургија е во толку тешка состојба да поради недостиг од стручен кадар во моментов нема кој да оперира.

Нема операции, нема нови интервенции, нема надеж.

Тоа го признава и актуелниот министер за здравтво но владата на ВМРО-ДПМНЕ нема решение.

Граѓаните слушаат само оправдувања, треба да чекаат лекари од странство привремено да дојдат за да може да се направи операција. Или се принудени да одат на приватни клиники кои им се недостижни.

Ова е срам и голема неправда за сите кои се борат за здравје и живот. Ова власт секој ден покажува и докажува дека работи само за големите приватни болници, додека здравствениот систем тоне во хаос, а за граѓните ништо не се прави.

Министерот за здравсто наместо за доброто на јавното здравство, на болниците, клиниките, здравствените установи како да работи само за доброто на приватните болници.

Поради ова состојбата во здравството на секое е катастрофална.

Ситуацијата со факторите на коагулација е уште еден пример за неспособност и негрижа. Наместо да се обезбеди рекомбинантен фактор VIII, тендерот пропадна. Сега се користат плазматски и препарати од четврта генерација. Трошокот е енормен, а пациентите се оставени да живеат во страв дали воопшто ќе имаат терапија.

Ова се тажни приказни на вистински луѓе кои секојдневно живеат во неизвесност поради оваа власт. Секое одложување, секоја погрешна одлука и секоја пропуштена шанса во здравството значи човечки животи.

За овој хаос во здравството мора да има одговорност. Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој се грижи за нив и за нивните семејства.

Можете да прочитате

Сакала да изнајми стан, ја измамиле за 300 евра

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп

На изборите има две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а другата е коалицијата СДСМ – ДУИ – Левица, смета Мицкоски