
Соопштение за јавност на СДСМ:
Цела недела откако во соседна Србија беше запленета огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија нема одговори како поминала преку граница.
Како е можно 5 тони дрога да поминат преку македонската граница без никој да понесе одговорност?
Камери од „Сејф сити”, скенери, мобилна царина, контроли на граничните премини, ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од структури на власта, внатре во институциите.
Од медиумите се дознава дека дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери.
Уште колку тони дрога поминале без да се дознае?
Ова е организиран криминал со политичка заштита.
Кој во врвот на власта, во МВР, Царината и другите надлежни институции е соучесник?
Наместо одговори, гледаме обиди на власта за дефокус преку медиумски кампањи со цел политичка злоупотреба и напади врз СДСМ.
Нема да помине, картелскиот скандал води во врвот на власта и мора да има одговорност.

