Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема да дозволиме граѓаните да платат 150 милиони евра заради блокадите на ДПМНЕ и Левица

СДСМ: Нема да дозволиме граѓаните да платат 150 милиони евра заради блокадите на ДПМНЕ и Левица

ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел, обвини СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Со денови ВМРО-ДПМНЕ бараше Договорот за коридорите да се достави во Собранието, а сега од партијата на Христијан Мицкоски со денови молчат и не кажуваат кога и на која собраниска комисија тој Договор да се разгледува. Левица и ВМРО-ДПМНЕ постојано пласираат лажни вести за цената на проектот, како и за законските измени кои се предвидени за негова реализација.

Тоа покажува едно, дека ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да го блокира стратешкиот и воедно најголем проект во инфраструктурата, за изградба на 110 километри автопатски делници на коридорите 8 и 10Д. Со заокружувањето на овие коридори, кои се на мапата на ЕУ, нашата земја ќе прерасне во патна крстосница на Балканот што отвора нови потенцијали за економијата и нови и добро платени работни места за граѓаните.

СДСМ нема да дозволи граѓаните да платат 150 милиони евра заради блокадите на ДПМНЕ и Левица“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Реакција од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ на прес конференцијата на „Антикоцкање“

Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце

СДСМ: Над 20% од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот