Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нечовечноста на ВМРО-ДПМНЕ во случајот Пулс излезе на виделина

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Страшни се податоците и доказите кои излегоа во медиумите во однос на тоа како се спречувала правдата во случајот Пулс, но најстрашно е што она што јавноста го знаеше и во што се сомневаше се покажа како точно. ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс”, кој постапувал спротивно на сите стандарди.


Затоа сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден ја попречуваше правдата. Сега е јасно зошто ги штитеше сите свои началници, зошто манипулираа, лажеа и ги напаѓаа граѓаните кои протестираа. ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија, партија подготвена да гази по сопствените луѓе кои ѝ ја дадоа довербата, само за да се спасат од одговорност.

Но, не е само „Пулс”  потврдени се и тврдењата дека Росица лично побарала помош од министерот Тошковски, кој игнорирал. Тоа го тврдат нејзините блиски пријатели, а тој од тогаш се скрил и не се појавува никаде во јавноста. Овие два случаи потврдуваат дека со ВМРО-ДПМНЕ не само што нема правда, туку секоја нова трагедија ќе биде криена, а граѓаните ќе бидат лажени преку центарот за пропаганда во Белата палата. Но тоа веќе не може да се скрие, граѓаните масовно ќе ги казнат на изборите.

Можете да прочитате

Утре напладне 370 камиони ќе ги блокираат сите гранични премини

Малолетник со автомобил удри паркирано возило и тешко повреди пешак

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак кој се бори за живот