Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Насилникот началник мора да одговара кривично, МВР да не ја заташкува работата со внатрешна контрола!

Sdsm 1.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Откако цели два дена им требаше на МВР да ги видат снимките кои целата јавност ги виде, под притисок на СДСМ и граѓаните, МВР конечно постапи, но ова не е доволно. Добро е познато дека на овој начин МВР сака да го забошоти случајот за нивниот началник, кој е унапреден уште првиот ден кога Тошковски ја презема функцијата во МВР.


Откако е јасно признаена вината од МВР, сега нема ниеден изговор уште денес да не се поднесе кривична пријава и да се процесира насилникот. Ако тоа не го направи ОЈО и продолжи да калкулира, ќе биде јасно дека го штити началникот, а со тоа и Тошковски. СДСМ располага со низа скандали за истиот човек, кои ќе бидат објавени, како и за други раководни лица на Тошковски, кои се срам за македонската полиција.

Сега станува и се појасно зошто Тошковски сака измени на Законот за полиција, со кој скандалозно се предвидува ваквите началници кривично да не одговараат. Јасно е дека целта е партизација, а потоа и заштита на извршните функционери во МВР кои ќе се силат и ќе заплашуваат во служба на ДПМНЕ.

СДСМ нема да престане да бара одговорност за крај за Мартиновски, а Тошковски треба да се повлече конечно, затоа што полицијата никогаш повеќе не била понижена, а системот уништен заради потребите на партијата.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на СДСМ: Тошковски уште не поднесе оставка?

Левица: Министерството за одбрана лаже, најдобрите кандидати се подло одбиени

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи