Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај а власта сѐ луксузира врз грбот на народот.

Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. 

На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби.

Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари.

Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. 

Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб.

И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра.

Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат.

Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници.

Нема повеќе оправдувања дека „нема пари”. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати.

Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне.

Доста е луксуз на грбот на народот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во процесот на пристапувањето во ЕУ Македонија е жрвта на класичен булинг

22 романа ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година

СДСМ: Дрогата од пет тони слободно поминала граница и слободно се превезувала низ пола Македонија