Утрински Весник
Македонија

СДСМ на чекор да го даде Правда и да го земе Министерството за животна средина, ДУИ да даде заменичко место во Одбрана

СДСМ на чекор да го даде Правда и да го земе Министерството за животна средина, ДУИ да даде заменичко место во Одбрана

СДСМ ќе го преземе Министерството за животна средина од ДУИ за сметка на Министерството за правда, кое ќе треба да биде раководено од кадар на Алијансата за Албанците. Ова се неофицијалните информации за кои потврда не даваат од ниту една партија. Кандидат за да го раководи Министерството за животна средина е Каја Шукова.

dobivaj vesti na viber

Од ДУИ ќе биде земено и заменичкото место во Министерството за одбрана. И овој ресор ќе треба ѝ да припадне на Алијансата за Албанците, која треба да го зголеми владејачкото мнозинство. За таа функција, неофицијално, Тирон Јајага е можен кандидат. Станува збор за лице што со работи во безбедносниот сектор.

„Макфакс“ одново стапи во контакт со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој не ги потврдува, ниту ги негира кадровските промени за кои се шпекулира во јавноста. Таравари во понеделникот најави дека во средата најдоцна ќе има одлука за влез во Владата под конкретни услови. Ова не се случи.

Вчера, се одржаа низа состаноци во двете партии на кои се разговараше за проширување на мнозинството. Конкретна одлука нема.

„Макфакс“ веќе објави дека од Алијансата за Албанците неофицијално брифираат дека партијата со која раководи Арбен Таравари е на чекор да земе директорско место во МЕПСО, каде што моментно раководи кадар на Алтернативата. Второто место е директор на Фондот за пензиско и здравствено осигурување (ПИОМ), кое моментно исто така го раководи кадар на Алтернативата. Партијата на Таравари веќе извесно е дека ќе земе и заменик-директорско место во Управата за јавни приходи. Од директорските места, СДСМ ќе им го отстапи и она што го имаат во „Македонијапат“. Петтото што го бараат, а неофицијално и ќе биде отстапено, е и директорското место во ЈП „Железници“, каде што моментно раководи Хари Локвенец.

Претходно, премиерот Димитар Ковачевски најави дека има можност Алтернативата на Африм Гаши да излезе од Владата со влезот на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари и промената на министерските места.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм