Утрински Весник
Македонија

СДСМ најавува закон: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство!

Bokuzeska2.jpeg
Dik 300x250 mk

Опозицикста СДСМ денеска најави дека ќе поднесе иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов, премиер, вицепремиери, министри и пратениците да можат да бидат лица кои само поседуваат македонско државјанство.

-Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав. Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава, и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму. Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно