Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мизрахи да се извини и да поднесе оставка затоа што ги лажеше граѓаните за Онкологија

Bogdanka Sdsm 1.jpg

Интегрален текст од изјава за медиуми на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани,


ВМРО ДПМНЕ и Рашела Мизрахи се фатени живи во голем скандал, како ги лажеле македонските граѓаните за Онкологија, за политички поенти.

Крајно срамно и без чувствително, се криела вистината, се криеле докази за еден ваков грозоморен случај на сметка на човечки животи. По секоја цена сакајќи да го орцнат Венко Филипче.

Вистината излезе на виделина, разобличени се монструозните лаги. Извештаите за кои Мизрахи и ДПМНЕ цело време велеа дека недостасувале, постојат, биле уредно подготвени и предадени. 

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес-конференција презентираше материјали кои ги побиваат сите наводи.

Тие документи се веќе доставени до Обвинителството и очекуваме да бидат предмет на натамошна истрага. Очекуваме истрагата да покаже зошто овие документи не биле доставени до надлежните органи во моментот кога биле побарани и зошто се дозволи јавноста да се доведе во заблуда дека Филипче е одговорен во случајот.

Рашела Мизрахи ја злоупотреби пратеничката функција и го сруши кредибилитетот на  Анкетната комисија формирана по барање на нејзината партија ДПМНЕ, која на крај заврши без заклучоци. Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, над 50 седници се одржаа само за сеење лаги и на крај ништо, нема формални одлуки ниту заклучоци од работата на Анкетната комисија. Сега јасно и зошто нема, затоа што цело време се манипулирала јавноста и се сееле лаги.

Вистината е дека Мизрахи намерно ги лажела граѓаните. А пратеник кој ги лаже граѓаните не може да ги претставува. Фатена во сопствените лаги Мизрахи треба треба да им се извини на граѓаните и да се повлече, да си даде оставка од пратеничката функција. Секој пратеник има одговороност пред граѓаните и затоа Мизрахи треба да се извини и си поднесе оставка.

Наместо да се водат деструктивни кампањи, треба да се поддржи транспарентноста и вистинската борба за здравјето на граѓаните.

Фокусот на СДСМ останува на вистината, одговорноста и јакнењето на здравствениот систем.

Можете да прочитате

Отровно растение од Тексас дојде во Неготино: Ако го забележите, веднаш алармирајте ги еколозите од “Ековита”

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Апел за помош на 26-годишниот Виктор, татко на 4-месечно бебе кој боледува од тумор на главата