Утрински Весник
Економија

СДСМ: Министерке Кочоска, економијата не стагнира – таа тоне!

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Министерката Кочоска повторно докажува дека е целосно надвор од реалноста, убедувајќи ги граѓаните дека живеат добро и дека економијата расте. Очигледно, министерката нема допир со секојдневието на луѓето. Ја повикуваме да излезе на улица и да ги праша граѓаните како ја оценуваат економската состојба и како навистина живеат.


Министерке, економијата не само што не расте – таа тоне! Тоне и животниот стандард на граѓаните, кои секој ден имаат сè помалку пари. Цените ги оставивте да растат, платите не ги покачувате, но вашата плата не ја намалувате. Странските инвестиции си одат, работници се отпуштаат, а 83.000 граѓани годинава не земале плата.

Срамно и жално е да ги лажете граѓаните од прес-конференции – тие најдобро знаат колку е тешко да се живее откако вие сте на власт. Не презедовте ниту една мерка за подобрување на животниот стандард, но беспрекорно ја заштитивте вашата плата. Вие и останатите министри се возите со приватни авиони, јадете манго и папаја во Владата – за тоа има пари, но за граѓаните нема!

Бидете доблесни и признајте дека економските политики што ги спроведувате не им носат ништо на обичните граѓани, туку служат само за збогатување на вашите блиски.

Можете да прочитате

Трипуновски: Исплатени скоро 480 милиони денари субвенции за лозарите, следуваат 200 милиони за овоштарите следната недела 

УЈП: Наближува крајниот рок за достава на пресметки и докази за остварен доход од работа во странство за 2025 година

Филипче: Владата скрати 40 милиони евра од субвенциите за земјоделците