Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Дрска и непримерна е изјавата на министерката за финансии Кочовска која рече дека таа работела саботи и недели додека другите вработени биле на одмор. Кочовска ќе си заминала ако и се намалела платата. Знае ли Кочовска само колку медицински сестри, лекари, пожарникари работат и по два до три дена без пауза? Истите за кои таа вели дека нема да гсе покачуваат платите? Знае ли колку е навредливо и за вработените во институцијата која ја води да го кажува тоа? Дали заради тоа што можеби смета дека не заслужуваат таа ја поддржува политиката платите да не растат?

 Додека се правдаше како немало пари за покачување на платите буквално за ниеден вработен, додека смета дека минималната плата не треба да се качува, таа себе се прогласува за највредна и затоа нејзината плата не смее да се чепка. ВМРО-ДПМНЕ секој ден докажува дека е најарогантната Влада која сме ја имале и дека никој освен тие не е важен. Според ВМРО-ДПМНЕ сите треба да работат за минимум, но тие највредните може да патуваат со бизнис класи и да уживаат во своите примања.

Можете да прочитате

Утре променливо облачно со дожд и снег на планините

Патничко возило падна во реката Радика кај Бигорскиот манастир

Пожар во техничка соба на хотел-ресторан кај Делчево