Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Апелираме до премиерот Мицкоски да не вреска на цел глас, никого нема да исплаши. Она што загрижува кај Мицкоски е само забеганоста во неговиот наратив. 


Додека Мицкоски организира журки за младинската организација на неговата партија и зборува за „новата генерација” која ќе ја продолжела визијата за Македонија, цела Македонија тагува за трагедијата во Кочани во која цела генерација, цел град ја изгуби својата иднина. 

Кога Мицкоски зборува за транзицијата, зборува за знамето и химната сакаме да го потсетиме дека тие луѓе денес се во неговата коалиција во ликот на ЗНАМ. Тоа се луѓето кои ги направија сите работи кои денес Мицкоски сака да ги препише на друг. 

Да го потсетиме и Мицкоски дека не мора да вреска. Кога зборува за љубовта кон парите, да го потсетиме дека носи часовници од над 80.000 евра, облека до неколку стотици илјади евра, додека го задолжи секој Македонски граѓанин за 7 милијарди евра. 

Кога Мицкоски зборува за Артан Груби и фудбалчето да го потсетиме дека Груби го пуштија МВР на Панче Тошковски. Да го потсетиме Мицкоски дека неговиот Изет Меџити и Висар Ганиу се обвинети со докази за 150 дивоградби и неколку стотици милиони евра криминал за кој не смеат да писнат.

Фудбалче во канцеларија, ќе се согласите е помал грев. 

Македонија е изолирана држава. Сите луѓе со кои Мицкоски се сретна во странство се споредни личности кои немаат никаква меѓународна тежина. Орбан и Вучиќ се во слободен пад. Од САД немаме ниту една од ветените инвестиции, но имаме 33% зголемена царина. 

СДСМ е државотворна партија во која место нема за луѓе какви што Мицкоски ги собира во неговата коалиција како привезокот ЗНАМ.

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка

Успешна спасувачка акција во близина на Ливадичко Езеро