Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски треба да одговори пред јавноста за семејната куќа и милионскиот имот

Мицкоски до Ковачевски: Лидерска за решавање на проблемите на граѓаните, а не за уставни измени

Повеќе медиуми во изминатите денови пренесоа информации дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле, според нивни проценки, вредна околу 1 милион евра, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото семејство имаат недвижен имот во Скопје, Охрид и Црна Гора. Христијан Мицкоски треба да одговори пред јавноста за семејната куќа и информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите“, се потенцира во нивното соопштение.

Прашуваат дали станува збор за скриен имот и трупање на семејно богатство?

Логично, додаваат од таму, се поставува прашањето како со просечни професорки плати се стигнува до милионски имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора?

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт