„Христијан Мицкоски со неговите изјави застанува против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон.
Мицкоски брани криминал докажан во транспарентен судски процес и се става над законите, над Уставот.
Зборува дека ќе помилувал, дека ќе ги ослободувал сите од ДПМНЕ.
Ниту е Мицкоски над Законот ниту е над Уставот.
Принципот на правда и правичност во демократско општество почива на Закон и Устав, на процедура и на надлежни институции.
Кој е Мицкоски да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не?
Може Мицкоски да се замислува што сака но ниту е судија, ниту обвинител.
Ова покажува дека Мицкоски е ист како Никола Груевски, во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е заробена партија која сака да е и суд и обвинител, да суди и да пресудува.
Тоа време заврши и никогаш повеќе нема да се врати.
Ако досега не му било јасно на Мицкоски ќе му стане.
Прво што треба да направат Мицкоски и ДПМНЕ е да се извинат и јавно да се оградат од криминалците во сопствените редови, пред сè, за „Скопје 2014“ и за 27 април, а потоа и за другите случаи. Само така ќе покаже дека навистина е за правда.
Секој што го прекршил законот мора да се соочи со правдата и со одговорноста“.
Соопштение на СДСМ