Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски продолжува да зборува како расипана плоча – без одговор на клучните прашања, без реален контакт со животот на граѓаните.


Врховизмот е врв на кодошлакот и предавство на сопствениот народ и од тоа не може да побегне. 

Нема поголем предавник од човек кој за една година ги задолжи граѓаните со над 7 милијарди евра, ја намали минималната плата и го доведе стандардот на најниско ниво во Европа, а тој да се луксузира со приватни авиони, да јаде папаја и манго, да се шета по најскапите хотели во светот на сметка на народот. 

Поголемо предавство од ова врз сопствениот народ – нема.

И нема потреба од некакви пораки,  граѓаните секој ден го живеат резултатот од неговите погрешни политики: поскап и потежок живот, несигурност, помалку пари.

Разбираме дека Мицкоски е навикнат само на ПР и со штанцање лаги да го покрива сопствениот неуспех, но ќе дојде време кога ќе разбере дека живее во огормен меур, во паралелен Универзум и не гледа колку животот на граѓаните од ден на ден станува потежок. 

Животот на граѓаните не се подобрува со лаги, туку со работа, а тоа е нешто што Мицкоски очигледно не го знае и не може да го испорача.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата