Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните, останува заложник на Левица и во сенка на Груевски

СДСМ: За дебати има време, Мицкоски да покаже конструктивност во Собранието
Dik 300x250 mk

Новата година Христијан Мицкоски ја започна исто како што ја заврши и тераше и минатата цела година. Мицкоски нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, нема политичка понуда за граѓаните, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Само седи на страна, уплашен за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори, целосно во заложништво на Левица и во сенка на Никола Груевски. Јавните лелекања на Мицкоски, загрижен само за својата фотелја, нема да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата“, посочуваат во соопштението од оваа партија.

СДСМ, додаваат, продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ.

Според СДСМ, Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Тетовец со нож се заканувал на полицајци по сообраќајна кавга

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

Во казино во Аеродром 70-годишник се степал со 62-годишник