Утрински Весник
Економија

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни со повратот на ДДВ кон фирмите и граѓаните. Наместо да ја заврши работата на институциите, Мицкоски им порача на фирмите кои чекаат со месеци да му се јават нему лично.


Ова е уште една потврда дека државата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде наместо институционални решенија, на граѓаните и компаниите им се нуди партиски телефон на премиерот.

Срамно е премиер на една држава да им порача на граѓаните и фирмите кои со месеци чекаат свои пари дека „ако имаат проблем, нека му се јават”. Ова не е приватна фирма на Мицкоски, туку држава со закони и институции, кои денес се ставени во служба на неговата пропаганда, а не на народот.

Додека фирмите чекаат пари за да исплатат плати и да опстанат, Мицкоски шета по автопати и дели изјави дека „немало проблем”.

Најмалку што може да направи е да ги забрза исплатите и да им се извини на сите на кои државата им должи.

Граѓаните и фирмите не му должат ништо на Мицкоски за да му се јавуваат – тој им должи

Можете да прочитате

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата зашто работиме исклучиво во интерес на граѓаните