Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се одговорни за состојбата во Скопје

Sdsm Sdsm.jpeg
300x250 opst2

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствени одговорни за сотојбата во која се наоѓа Скопје. Со каков образ Мицкоски се обидува да се прикаже како спасител кој ете ќе ги решел проблемите во градот кога тој заради неговите пропадната бизнис зделки со Арсовска и инатот кој меѓусебно го водат реши да го уништи градот. 

Да биде иронијата поголема, Мицкоски вели дека не доликувало главниот град да биде во таква состојба на земја членка на НАТО и кандидат на ЕУ. Да не беше Мицкоски и неговите манипулации и лаги со граѓаните, како и неговата политика на блокади, Скопје немаше да го води „најуспешанта менаџерка” за која лажеше дека е број еден во Европа, а ако се прашуваше тој ниту ќе бевме членка на НАТО, уште помалку ќе почневме преговори со ЕУ.

Човекот едноставно нема срам ниту образ. Од вакви политичари на власт може да се очекуваат само многу нови лаги, неодговорност за состојбите и китење со туѓи перја.

Можете да прочитате

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ