Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски фатен во тесно за тендерот на МВР ја навреди новинарката која што го прашуваше за аферата

Mickoski24maj.jpg

Соопштение на СДСМ:

СДСМ најостро го осудува недоличното однесување на премиерот Христијан Мицкоски кон новинарката Милка Смилевска од Ал Џезира, на денешната прес-конференција во Владата. 


Наместо одговорност и отчетност, Мицкоски избра дискредитација на новинарка која постави легитимни прашања за сомнителниот тендер од 4 милиони евра за набавка на полициски униформи во МВР.

Очигледно изнервиран од скандалот во кој е фатена неговата влада, ја обвини новинарката дека поставува „естрада” прашања. Тоа е класичен пример за притисок врз медиумите и обид да се замолчи вистината.

Скандалозниот тендер, во кој фирма со двајца вработени и друга регистрирана 20 дена пред објавата на тендерот добиваат милионски договор со МВР, е прашање кое заслужува одговор. 

Наместо да објасни зошто неспособни фирми се фаворизирани, Мицкоски се впушти во понижување на новинарка која само ја бараше вистината.

Ова е вторпат за кратко време Мицкоски да нападне новинарка на јавен настан, што укажува на загрижувачки однос кон медиумите и слободата на изразување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ очигледно не поднесува критика, па одговара со навреди, етикетирање и омаловажување.

СДСМ ја повикува новинарската фела, медиумските здруженија и целата јавност да не молчат пред оваа деградација на институцијата премиер и на основните демократски вредности.

Новинарите не смеат да бидат мета на навреди само затоа што поставуваат непријатни прашања.

СДСМ останува на страната на вистината, транспарентноста и слободата на медиумите. Очекуваме итно извинување од Мицкоски и темелна истрага за сомнителниот тендер кој ја загрозува довербата на граѓаните во институциите.

Можете да прочитате

Расте бројноста на загрозените белоглави мршојадци во Македонија!

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

За Панчо во моментов нема да се води постапка бидејќи е во тешка здравствена состојба, вели Коцевски