Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски е во паника поради падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите

Sdsm Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ – реакција на изјавата на Христијан Мицкоски

Да имаше Мицкоски реални резултати после 4 години локална власт и една година централна власт на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе зборуваше за нив, тоа ќе му беше отчетот пред граѓаните.

Но, бидејќи резултати нема, посегнува по измислени сценарија и конструкции околу локалните избори.


Со истата стара реторика на поделби по политичка и етничка линија, Мицкоски повторно се обидува да ја излаже јавноста, исто како пред парламентарните избори во 2024 година.

Но, тоа веќе не поминува. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга и граѓаните нема да подлегнат на истите лаги и манипулации.

Ваквите изјави на премиерот Мицкоски само потврдуваат дека власта е во паника поради падот на поддршката и стравот дека разочараноста и незадоволството на граѓаните ќе се пресликаат на резултатот од локалните избори.

Логично е прашањето: дали токму Мицкоски е тој што подготвува хаос на изборите?

Можете да прочитате

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК

Пожар во куќа во Струшко

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда”