Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, ДПМНЕ е антиевропска партија

Мицкоски: Шокантна беше сликата со коктел да се одбележува крајот на грејната сезона

„Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ. Во ДПМНЕ нема никаква промена, Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО, само и единствено за да го пљачкаат народот, а Мицкоски денес ја продолжува таа анти НАТО и анти ЕУ политика.

Мицкоски беше против членството во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Без ниту една забелешка за предложената содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата“, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ е антиевропска партија, а Мицкоски дејствува против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди.

Тој сака државата повторно да ја држи во 11 годишна изолација. Прво беше асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат.

Ниту има бугарски диктат, ниту пак е можно да се репреговара за нов договор. Видовме како Груевски и ДПМНЕ во минатото репгеровараат и како земјата тонеше 11 години.

Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.

Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ и заедно со граѓаните ќе направиме сѐ да ја разбиеме таа блокада и ќе успееме во тоа“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила

ДКСК со укажувања за законските одредби поврзани со Локалните избори 2025