Утрински Весник
Економија

СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да растат

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Додека Мицкоски анализира граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Имено податоците велат дека за последните три месеца потрошувачката кошничка пораснала за над 2 илјади денари. Односно секој граѓанин во Македонија е посиромашен за 2 илјади денари во рок од три месеци.


Само минатиот месец Македонија забележа инфлација од околу 5 проценти што значи дека од месец во месец екстремно се намалува вредноста на платите и пензиите кои ги земаат македонските граѓани.

Во исто време Владата не превзема никакви мерки за да го подобри животниот стандард на граѓаните. Мицкоски не само што не нуди решенија туку го одби понуденото решение на СДСМ за покачување на минималната плата на 500 евра.

Владата ги излажа и пензионерите чие законско зголемување на пензиите го намали.

Во време кога македонските едвај го поминуваат месецт, илјадници евра се давата за непродуктивни трошоци како анкети, изнајмени авиони и егзотична храна.

За иронијата да е уште поголема денес Мицкоски ги навреди сите граѓани посочувајќи дека платите во Македонија не растат затоа што не расте продуктивноста на македонскиот работник.

Неработници не се македонските граѓани туку Владата која го донесе граѓанинот на работ на сиромаштијата со својата неспоснобност, некапацитетност и неработење.

Можете да прочитате

Филипче: Додека цените растат, Мицкоски слави 50 години ЕПП на трошок на граѓаните

Синдикалната кошничка во март изнесува 67.818 денари

ДУИ: Пад од дури 9,4% на индустриското производство