Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.

Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски.

Тој одлучува кој ќе биде назначен.

Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска –независната кандидатка за државен јавен обвинител.

Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност.

Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра”, во живо, на телевизија.

Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира.

Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот.

Медиумскиот октпод на Орбан во Македонија и неговите 40% медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо.

На кого веќе не му е јасно?

Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.

Следува целосно погребување на правдата и правната држава.

Исто како во времето на Никола Груевски.

Можете да прочитате

Во напредна фаза е истрагата против убиецот на 78 годишната старица

Поради возење без возачка во Кичево одземено „Ауди“

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија