Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 е

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари, што е ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец.

Месечната кошничка за основните потреби на граѓаните стана прескапа.

Ова е резултат на погрешната политика на Мицкоски кој ги игнорира потребите на граѓаните и не презема мерки за заштита на стандардот.

СДСМ предложи конкретни законски решенија кои како мерки веднаш ќе донесат олеснување кај граѓаните, намалување на цените и покачување на платите.

Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ:

-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.

-Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.

Доста беше политичка ароганција и инает, граѓаните осиромашуваат, време е конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност.

Можете да прочитате

Села откри под кои услови би соработувал со владеачките партии

Тивок, но моќен протест во Кочани, шести „Марш за ангелите“ кои настрадаа во „Пулс“

Николоски: Имаме спремни два проекти кои се околу 2,2 милијарди евра