Утрински Весник
Економија

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки. Наместо системско решение за спречување на ценовните шокови, добивме маркетиншки трикови и привремени потези кои немаат реален ефект.


Најдобар пример за тоа е таканаречената „новогодишна кошничка”, која се претстави како мерка за намалување на трошоците, но заврши како обична медиумска манипулација. Во реалноста, потрошувачката кошничка секој месец расте. Во април порасна за 836 денари – алармантен податок што покажува колку се неефикасни владините интервенции. Цените на основните прехранбени производи остануваат високи, а платите – особено во јавниот сектор – со месеци не мrdнаа од место.

Граѓаните денес живеат полошо од било кога во последната деценија. Северна Македонија има најниски плати во регионот, а истовремено плаќа едни од највисоките цени. Владата нема стратегија, нема визија, нема план. Наместо суштински политики, се сведоци сме на декларативни изјави и обвинувања кон опозицијата.

СДСМ уште пред месеци предложи пакет од седум закони кои директно ќе влијаеја на стабилизација на пазарот и на раст на платите. Да беа прифатени, денес ќе зборувавме за реални подобрувања во животниот стандард. Ќе се зголемеа платите, ќе се стабилизираа цените, а семејствата ќе имаа повеќе пари на крајот од месецот. Но владејачката партија ги игнорираше сите предлози, избирајќи да продолжи со популизам и политичко калкулирање наместо со конкретна акција.

Ако не се преземе ништо суштинско, животниот стандард ќе продолжи да паѓа. Граѓаните заслужуваат стабилност, достоинствени примања и достапни основни производи – нешто што оваа влада очигледно не е способна да го обезбеди.

Можете да прочитате

Трендафилов: За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

Ангеловска-Бежоска ‒ Ханиг: Народната банка презема мерки за  поттикнување на зелените финансии и за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем на климатските ризици