
После усвојувањето на Декретот во Собранието против опозицијата, за забрана на слобода на говорот граѓаните, ВМРО преки своите кујни и медиумскиот октопод Алфа-Алта спроведува медиумски хајки проитв СДСМ.
Нема рекации за бројните текстови и писанија полни со навреди, омаловажувања и пцовки кон СДСМ, кон членовите на СДСМ, раководството и претседателот на партијата.
Има реакции за СДСМ. А нема реакции за овие навреди на Героски:
„Можат овие од Бихаќка да јадат лајна колку сакаат”
„Имате уште гомна за јадење, шапшали?”
„Штабот на будалите”
„Венко, ти си будала, човече!”
„Што ја почнаа будалите”
„Заев беше луд и луцкаст”
„Јебо вас ‘српски свет’, будали едни!”
„Ве чекам на нишан”
СДСМ има поднесено веќе 7 претставки за ова до ЗНМ и сè уште нема одговори. Зошто?
Нема реакции ниту за навредите на Богдан Илиевски: „туп, глуп и неупотреблив идиот”.
Дали е ова професионално новинарство?
Ние ги разобличуваме сите форми на пропаганда и злоупотреба на медиумите и ќе реагираме и понатаму.
СДСМ ќе ја продолжи борбата за слобода на медиумите и ќе се спротивстави на сите можни навреди, омаловажувања, црни кампањи и медиумски хајки од кујните на ВМРО.
Никој нема да нè замолчи.
СДСМ, Центар за комуникации

