Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sdsm Web Default 1024x576 1.png

Соопштение на СДСМ:

Максим Димитриевски е фатен „жив” во јасен како солза корупциски скандал. Ниедно обвинување кон СДСМ не може да го побие фактот дека со овој скандал тој ги урна своите клучни изборни ветувања пред граѓаните – дека ќе се залага за правда и дека ќе се бори против ДУИ.


Човекот кој не престана да зборува дека имало криминал во државата и дека за тоа, пред сè, е виновна ДУИ, сега самиот прави криминал – со ДУИ.

Не е чудно што луѓето, особено жителите на Куманово, се во шок од криминалот на Димитриевски. Но, СДСМ јасно предупредуваше за ова уште во изборната кампања.

ЗНАМ е во политиката поради две причини: прво, да биде продолжена рака на Мицкоски, и второ, Димитриевски да си ги спроведува криминалните проекти во општина Куманово.

Денес, СДСМ ќе го објави и договорот со кој Димитриевски ја добил поддршката од ДУИ за ДУП-от, и граѓаните ќе бидат дополнително шокирани кога ќе сфатат за каков опортунист станува збор.

Можете да прочитате

Ангелов: Најверојатно ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење

„Можно е да се кандидирам како независен“ порачува градоначалникот на Струмица, Костадинов

Мицевски: СДС со кадри на Заев и Филипче тргнува во сигурен пораз на локалните избори